Разговор со Ѓорѓи Ризески, режисер

Најважна ЛЕКЦИЈА за мене е дека треба да го работиш тоа што го сакаш

Премиерата на „Лекција““, во режија на Ѓорѓи Ризески, а под кореографската палка на штипјанецот Бојан Мицев се случи непосредно пред фестивалот Ристо Шишков и претставува еден нов бран на театарски претстави преку кои се става акцент на сценски движења, кореографија издигнувајќи ја физичката изведба на ново ниво. Режисерот Ѓорѓи Ризески како претставник на новата генерација режисери е секогаш наклонет кон нешто што значи новина промена и слично. Секоја негова претстава е по нешто различна и нова. Тој е познат по култната изведба на Викенд на мртовци и во претставите кои тој ги режира има една особена естетика и сензибилитет за добар кастинг,а особено внимава екипата и тимот да се задоволни со тоа што го прават.

Трн:  Дали за ваков вид театар треба и некои други предиспозиции да имаат актерите кои се на сцена? Кои квалитети ги баравте кај актерите за ефективно да ги прикажат ликовите?

Ѓорѓи: Се сметам себеси за иновативен режисер, дефинитивно и генерално кога творам нова претстава, таа претстава е создадена по штоф на авторот, секогаш се водам од авторот и неговото пишување, неговото дело и така стигнувам преку сопствениот филтер до тоа што го гледаме на сцена. Дефинитивно сметам дека секоја претстава треба да е различна, има режисери кои работат на ист принцип без разлика дали го режираат Шекспир, Чехов или некој македонски автор модерен или класичен, тоа значи дека се водат по сопствениот стил, додека сите мои претстави се различни. Околу тоа кои предиспозици треба да ги имаат актерите – голема храброст за тој физички театар, и и голема љубов и старст кон тетарарот.

Трн: Дали си направил комбинација на оние повозрасните актери со помладата фела на актерска екипа?

Ѓорѓи: Па да секако, ова е моја втора претстава во народен театар Штип, и во првата претстава која се вика „Власт“ и во оваа Димитрина и Милорад се на различна возраст. Во „Власт“ имаше актер кој со претставата се пензионира, а имаше и актер на кој улогата му беше меѓу  првите професионални ангажмани по дипломирањето и тоа одлично функционира се додека се има љубов кон претставата и актерството.

Трн: Можеш ли да истакнеш некои од клучните теми или пораки кои се надеваш дека публиката ќе ги добие од претставата?

Ѓорѓи: Пред се темата на претставата е апсурд за кој многу ретко режисери и актери се одлучуваат да го работат, имаат некој отпор кон апсурдот и не е лесно да се работи оваа тема, убаво е да се погледне апсурдот во тој домен во комбинација со биомеханиката на Меархолд која ја користиме. Претставата е колаж од Меархолд, од Брехт преку призмата на апсурдот на Јонеску и тоа е еден склоп кој се покажа доста интересен за голем дел на публиката.

Претставата се вика „ЛЕКЦИЈА“ и го носи апсурдот на образованието во нејзината суштина изразен преку ликот на „Професорот“.

Трн: Која е најважната лекција што ја научи и од ЛЕКЦИЈА ама и од животот?

Ѓорѓи: Најважната лекција што сум ја научил воопшто и од секоја преставата вклучувајќи и од „Лекција“ дека треба да го работиш тоа што го сакаш и дека кога ќе се одлучиш да  работиш нешто, работи го до крај без разлика на околностите и тоа е формулата за успех.  Влогот и љубовта се најважни.

Трн: Откриј ни една тајна?

Ѓорѓи: Секогаш кога ќе дојдам на проба морам да влезам на сцената и да ја поздравам на начин што ја допирам со моите раце и усмено и кажувам здраво а, потоа почнуваме со проба или изведба.

Трн: На кој би сакал најмногу да му се извиниш и зошто?

Ѓорѓи: На никој моментално, бидејќи на сите што сум сакал веќе сум се извинил, не оставам недовршени работи.

Трн: Театарот често се потпира на соработка. Како работеше со драматургот, актерите и продукцискиот тим за да обезбедиш кохезивна и моќна изведба?

Ѓорѓи: Одлична беше соработката, се бараше голем влог и голема љубов за да се сработи овој процес. Ми беше многу важно на сите да им се допаѓа тоа што го работиме бидејќи секогаш гледам екипата да го сака тоа што го прави и во оваа прилика би сакал да ги поздравам сите што учествуваа на овој проект.

Трн: Според тебе, какво е значењето на живиот театар во денешното дигитално доба и како оваа претстава придонесува за богатството на театарското искуство?

Ѓорѓи: Пред се лично од мој аспект многу ми е драго што работевме апсурд а тоа е еден голем предизвик и одлично сработена работа. Многу придонесува …кога во твојата кариера имаш сработено големо класично дело. Значењето е огромно, многумина го занемеруваат фактот на големите пораки преку театарот и како културата влијае на секојдневието на сите луѓе. Впечатокот од една добра претстава може да трае цел живот и свесно и потсвесно

Трн: Омилен филм , актерка , актер и зошто токму тој филм?

Ѓорѓи: Сакам да гледам филмови ама не го сакам процесот на создавање филм, Најдобри актери за мене се тие со кои што сум направил добра претстава.

Трн: По која книга од македонски автор би сакала да направиш претстава?

Ѓорѓи: Немам некоја моментално пикирана, можеби од Горан Стефановски би сакал да наместам некоја драма понатаму, има еден интересен момент од балканскиот менталитет кој е опфатен во неговите дела кој е многу жив и точно прецизно и реалистично напишан. Можеби, Горан Стефановски би го поставил во иднина.

Најново

Последни колумни