Најочекуваните филмови чии премиери ќе бидат во 2024 година

Минатата година беше полна со одлични филмови, но на тронот се искачија Barbi, Oppenheimer и Super Mario Bros. И 2024 година може да биде исто толку привлечна со носталгичен наплив на познати имиња: Аxel Foley, Godzilla и Mean Girls.

Со само еден дел од Marvel Cinematic Universe („Deadpool 3“ – премиера на 26 Јули ) и со големото рестартирање на DC планирано за 2025 година, оваа година и другите жанрови и франшизи ќе имаат шанса да се истакнат. Филмови од висок ранг како што се „Furiosa: A Mad Max Saga“ (24 мај), продолжението на Хоакин Феникс „Joker: Folie à Deux“ (4 октомври) и многу очекуваниот мјузикл „Wicked“ (27 ноември) ќе ги имаат своите премиери оваа година, а ќе можете да се опуштите и со нови делови од франшизите „Alien“, „Despicable Me“ и „Beetlejuice“.

Што дефинитивно треба да означите во вашиот филмски календар? Еве неколку предлози на филмови кои мора да ги погледнете :

Mean Girls (премиера на 12 јануари)

Адаптацијата на Тина Феј на мјузиклот на Бродвеј ја прикажува Ангури Рајс во улогата на Линдзи Лохан како Кејди Херон, нова ученичка која се соочува со проблемите и социјалните стапици во  средното училиште а истовремено се вљубува во поранешното момче на Реџина Џорџ (Рене Рап) која важи за една од најпопуларните девојки во училиштето.

Кung Fu Panda 4 (премиера на 8 Март)

Во неговата последна анимирана авантура, По (гласот на Џек Блек) е избран да тренира нов Змеј-Воин. Меѓутоа, пред тоа, тој се здружува со лусевиот помошник Жен (Авквафина) за да се соочи со злобната волшебничка Камелеон (Виола Дејвис) – гуштер што менува форма и ја има украдено моќта на кунг фу од секој господар- негативец со кој досега се соочил По.

Godzilla x Kong: The New Empire’ (премиера на 29 Март)

Конечно пристигна она што го чекаа љубителите на филмови со чудовишта. Откако ќе се соочат во „Godzilla vs. Kong“ од 2021 година, гигантскиот гуштер и Кинг Конг се здружуваат за да го соборат непријателот што му се заканува на чудесната подземна локација на Шуплива Земја, како и на површинскиот свет.

‘Beverly Hills Cop: Axel F’ (премиера – лето 2024)

Првиот филм „Cop“ по 30 години го враќа детективот Аксел Фоли (Еди Марфи) во SoCal. Кога неговата ќерка (Тејлор Пејџ) добива закани по нејзиниот живот, Аксел повторно се соединува со долгогодишните другари (судијата Рајнхолд и Џон Ештон) и добива нов партнер (Џозеф Гордон-Левит) да ги истражи заговорите.

‘Madame Web’ (премиера – 14 февруари)

Во најголемиот замав на спинофот на „Spider-Man“ оваа година (заедно со „Venom“ и „Kraven the Hunter“), Дакота Џонсон глуми болничар кој ја гледа иднината и ја користи својата новооткриена видовитост за да заштити три жени (Сиднеј Свини, Изабела Мерсед и Селест О’Конор) од мистериозен негативец.

Извор: https://www.usatoday.com/story/entertainment/movies/2024/01/09/2024-movies-to-watch/72081713007/

Најново

Последни колумни