Пријавените тимови ќе добијат шанса да ги демонстрираат своите способности и вештини на националното финале на теренот во Влае, Скопје, а потоа најдобриот македонски тим ќе учествува на Светското Red Bull Half Court финалево ноември во Дубаи.

На минатогодишното издание на Red Bull Half Court Скопје, пред публика од 3500+ страсни навивачи, се одржаа крајно атрактивни, динамични и неизвесни натпревари. На крај, за национален победник беше прогласена екипата на Butel 3×3 која отпатува на Светското финале во Њујорк.
Оваа година, во мисијата “пронаоѓање на најдобриот македонски 3×3 тим” ќе се приклучи и легендарниот Душан Булут од Србија, најдобриот 3×3 баскет играч во историјата, освојувач на многу светски признанија и титули, кој лично ќе присуствува на сите натпревари, што дополнително ќе им даде мотив на играчите и тимовите да го дадат својот максимум и остават срце на терен.
И оваа година, правилата за пријавување остануваат исти , а тоа е дека секој тим мора да се состои од 4 полнолетни членови и резиденти на Македонија.

Исто така, правилата на игра остануваат исти, т.е. ќе се користи истиот сет од правила кои се базирани според правилата на игра утврдени од страна на FIBA. FIBA правилата за 3×3 баскет можеш да ги најдеш тука.
Како за крај, повик до сите улични кошаркари да соберат екипа и да дојдат на 15 јуни на игралиште Влае, да ги покажат своите способности, потези и вештини и да го резервираат својот билет за Дубаи. Се гледаме на терен!
За повеќе информации и деталната листа со правила, провери на официјалната страна на Red Bull Half Court.