Нападот се случил синоќа во селото Лин Та Лу, во централниот дел на земјата, и повредил околу 30 лица, додека десет се во сериозна состојба.
Во последните неколку недели, повеќе од 150 луѓе од околните села се засолниле во манастирот, што бил бомбардиран од млазен авион, со цел да избегнат копнени напади во регионот.
Војската на Мјанмар претходно изјави дека напаѓа само легитимни воени цели и ги обвини силите на отпорот за тероризам.

Граѓанската војна во Мјанмар започна во февруари 2021 година, кога војската ја презеде власта, предизвикувајќи мирни демонстрации кои беа насилно потиснати.
Противниците на војската потоа почнаа да се вооружуваат, а војската им се спротивставува со воздушни напади од кои не можат да се одбранат.