Најмалата средновековна куќа во светот повторно ги отвора вратите

Најмалата средновековна куќа во светот повторно ќе биде отворена во Абруцо како дел од музејскиот проект во градот во близина на Аквила за зачувување на локалната рурална култура и историја.

До пред 140 години, неколку локални селани живееле на имотот во Гориано Вали, со големина од само осум квадратни метри. Оттогаш, малиот простор во кој имаше само кревет од даски и сламен душек, камин, две столчиња, сандак и мијалник остана затворен. Сега ќе стане дел од „расфрланиот музеј“ на MuDi во регионалниот парк Сиренте-Велино. Отворањето се очекува во јуни.

„Влегувајќи во оваа куќа, магично се враќаме во секојдневниот живот на селото во минатото, наоѓајќи предмети кои зборуваат за секојдневната работа на селаните во служба на локалниот барон“, рече креаторот на MuDi, Фаусто ди Џулио. „Без тоалети и проточна вода, оваа мала зграда ја задржа средновековната автентичност што им овозможува на посетителите да се нурнат во минатото“, додаде тој.

Целта, рече Ди Џулио, „е да ги инспирира другите да прават подобро, повеќе и поинаку, поканувајќи ги оние кои поседуваат историски структури во долината Атерно и во паркот Сиренте-Велино да ги обноват и заштитат за да можат да се пренесат на идните генерации, нудејќи им можност за слободно вклучување во музејската маршрута како чин на активно учество во зачувувањето на локалната меморија“.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни