Најевтината земја на светот: За 180 денари можете да јадете и пиете цел ден

Според веб-страницата „Светот на статистиката“, Пакистан е прогласен за најевтина земја за живеење.

За да провери дали е тоа навистина така, Џош Ларкин од YouTube каналот „The Burnt Chip“ отпатува во пакистанскиот најголем град, главното пристаниште и финансискиот центар – Карачи.

Во Карачи заменил една британска фунта или околу 1,2 евра за 400 пакистански рупии и се обидел да открие што може да купи со тие пари за еден ден. Своите искуства ги снимал со камера и видеото го објавил на Јутјуб, каде досега го погледнале повеќе од 2,5 милиони луѓе.

На почетокот на денот, Ларкин се освежил со традиционалниот пакистански пијалок „doodth“ – кој е направен од млеко, шеќер, мраз и газиран пијалок – за само 30 рупии.

За ручек имал биријани – зачинето јадење направено од ориз, компири и пилешко – и Пепси за само околу 30 центи, а за вечера уживал во ражничи од морска храна за кои потрошил приближно исто толку.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни