Најевтината држава за живот: Карта за превоз чини три, а ручек 22 центи

Пакистан е, според податоци на „The World of Statistics“, прогласен за најевтина држава за живот. За да се увери дали тоа е така Џош Лакрин, познат јутубер од каналот The Burnt Chip отпатувал во најголемиот град во Пакистан, Карачи. Кога пристигнал таму тој заменил една британска фунта, односно 1,2 евра за 400 пакистански рупии и тргнал во истражување, односно да види што сè може да купи со тие пари. Своите доживувања ги снимал со камера, а видеото го прикачил на неговиот канал.

Џош Ларкин на почетокот на денот се освежил со традиционалниот пакистански пијалак doodth – кој се прави од млеко, шеќер, мраз и сода и за истиот платил само 30 рупии. За ручек јадел бирјани – зачинето јадење направено од ориз, компири и пилешко, но и пиел Пепси. Сето тоа го чинело околу 30 центи, а за вечера уживал во ражничи од морска храна за кои потрошил приближно исто толку пари.

Во текот на денот јутуберот користел и автобуски превоз, а за карта платил само три центи. Шетајќи низ Карачи дознал и дека за да изнајми стан за еден месец ќе треба да плати само 50 британски фунти, односно околу 60 евра.

Сепак Лакрин не застанал тука со своите истражувања. За тоа што сè искусил и видел во Карачи и можел да купи или плати со преостанатите пари од една фунта погледнете во продолжение во неговото видео.

Инаку видеото за кратко време достигна милионска гледаност, односно за четири месеци веќе има над 2,5 милиони прегледи.

Извор: n1info.ba

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни