Трката беше воедно и државно првенство во скајранинг, а резултатите уште еднаш потврдија дека македонските планини растат со генерации на сѐ поиздржливи и страствени атлети.
Победници во машка конкуренција:
- 🥇 Дејан Ангелоски (МК) – 2:38:02
- 🥈 Виган Хоџа (Косово) – 2:40:03
- 🥉 Златко Карчески (МК) – 2:44:00
Во рамки на државното првенство:
- 🥇 Дејан Ангелоски
- 🥈 Златко Карчески
- 🥉 Сашо Богојевски
Победнички во женска конкуренција:
- 🥇 Елена Каранфилоска – 2:51:09
- 🥈 Вера Урдаревска – 3:22:29
- 🥉 Ивана Најдовска – 3:24:16
Во рамки на државното првенство:
- 🥇 Елена Каранфилоска
- 🥈 Вера Урдаревска
- 🥉 Ивана Најдовска
Организаторите упатија благодарност до сите учесници, волонтери и поддржувачи, кои со својата енергија, навивање и пожртвуваност ја направија оваа трка вистински празник на планинскиот спорт.
Титов Врв Sky Race 2025 уште еднаш покажа дека Македонија има и природа, и дух, и луѓе за светски планински подвизи. До следната трка – тренингот продолжува!