Најдобрите европски земји за жени за работа и живеење во 2025 година

Нордиските земји продолжуваат да доминираат во глобалните рангирања за родова еднаквост на работното место, покажувајќи дека социјалните политики можат да создадат средини каде жените напредуваат професионално

Според ново истражување, Данска, Финска и Шведска се најдобрите три меѓу 16 европски земји оценети според поволностите што ги нудат за жените во работниот и животниот контекст во 2025 година.

Истражувањето, спроведено од онлајн гејминг компанијата CasinooftheKings, собрало податоци од Евростат, ОЕЦД, Меѓународната организација на трудот и Европскиот институт за родова еднаквост, анализирајќи економски и социјални индикатори поврзани со родот во 16 земји.

Клучните 10 индикатори вклучуваат разлика во плати помеѓу половите, поседување на банкарска сметка и процент на жени претприемачи.

Данска – најдобра за живот и работа на жени во Европа

Данска го предводи списокот со скор за квалитет на живот од 83, што ја рефлектира малата родова разлика во вработување и високо ниво на родова еднаквост. Oваа земја има најдолг породилно отсуство на листата – 18 месеци, индекс на родова еднаквост: 0.78 и најмала разлика во менаџерски позиции – 27.9%

Финска – второ место

Финска е на второ место со скор од 80. Таму има поголем процент на жени претприемачи од Данска – 1.9%, најмала разлика во вработување меѓу половите – 1.5%. Финска заостанува зад Данска во породилно отсуство и родов јаз во платите

Шведска – трето место

Шведска е на трето место со скор од 79. Најголема родова разлика во менаџментот во топ 10 – 42.3%, мала разлика во платите – 7.3%, а породилно отсуство: 1 година

„Нордиските земји продолжуваат да доминираат во глобалните рангирања за родова еднаквост на работното место, покажувајќи дека социјалните политики можат да создадат средини каде жените напредуваат професионално,“ изјави портпарол од CasinooftheKings.

„Овие резултати покажуваат дека структурна поддршка, како родителско отсуство и транспарентност во платите, прави вистинска разлика во животот на жените, и претставуваат модел за другите држави.“

Најлошо рангирани: Италија и Грција

Италија и Грција се на дното со животни скореви од 52 и 56.Италија има најголема родова разлика во вработување, веднаш по неа е Грција. Обединетото Кралство има најмал процент на жени претприемачи, а Франција има најголем медијален родов јаз во платите – 22.2%

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни