Најдобриот македонски кошаркар, Димитријевиќ потпиша за Зенит

Зенит неофицијално, платил 1,5 милиони евра за неговиот трансфер

Македонскиот најдобар кошаркар во моментов и актуелен репрезентативец Ненад Димитријевиќ и официјално е промовиран како нов играч на Зенит.

Димитријевиќ потпиша двегодишен договор со рускиот тим, прифаќајќи ја понудата откако минатата сезона ја мина во редовите на евролигашот Олимпија Милано. Сепак, по проблемите со тренерот Еторе Месина и малата минутажа, се одлучи да замине од клубот.

Иако се споменуваа и други клубови пред се евролигашите Партизан и Баерн Минхен, сепак популарниот Нено кариерата ја продолжува во Русија, а Зенит неофицијално платил 1,5 милиони евра за неговиот трансфер.

Македонскиот кошаркар веќе настапуваше во ВТБ лигата две сезони, но во дресот на Уникс. Освои една шампионска титула во регионалното натпреварување со тимот од Казањ, а беше прогласен и за МВП на плејофот и на основниот дел од сезоната.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни