Најчудниот остров во Јадранското Море изгледа како отисок од прст

Бављенац е ненаселен остров кој се простира на 0,14 квадратни километри во Јадранското Море во шибенскиот архипелаг, а британските медиуми се заинтересираа за него бидејќи од воздух изгледал како отисок од прст.
Фото: Google Maps

Линиите на овој џиновски отпечаток се всушност овални камени ѕидови кои жителите на соседниот остров Каприје ги изградиле во 19 век за земјоделски цели.

Изградени се за да ги поделат парцелите, оградат земјиштата и за да ги заштитат посевите од ветер. На Бављенац биле посадени стебла на смокви и цитурси, како и винова лоза.

Иако таму веќе не можете да најдете лозја и овоштарници, камените ѕидови се зачувани и од 2018 година се вклучени во листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

На островот нема пристаниште, па за разгледување најдобро е да се помина покрај него со брод.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни