Најбезбедни и најризични дестинации за solo патници – што да изберете, а што да избегнувате

Патувањето самостојно може да биде ослободително и инспиративно искуство, но изборот на дестинација е клучен за безбедно и пријатно патување. Некои места нудат врвно чувство на сигурност и гостопримство, додека други носат поголеми ризици, особено за жените патници.

Дестинации што треба да се избегнуваат

  • Филипини (Палаван) – Во сезоната на тајфуни честопати има откажувања на летови, а покрај неповолните временски услови, дел од патниците пријавуваат и непријатни ситуации со локалното население.
  • Камбоџа – Често се спомнува како несоодветна за жени кои патуваат сами поради чувство на несигурност на улиците и во одредени делови на земјата.

Најбезбедни дестинации за solo патување

  • Швајцарија, Исланд, Сингапур и Јапонија – Познати по висок степен на безбедност, одлична туристичка инфраструктура и можност за истражување дури и ноќе, без страв.

Идеални за прво solo патување

  • Париз, Италија, Бали – Туристички развиени и популарни дестинации кои нудат одлична комбинација на култура, храна и забава, а притоа помагаат патниците да се чувствуваат самоуверено.

Помалку познати, но вредни за истражување

  • Лаос – Иако не е толку развиен за туризам како Тајланд или Виетнам, Лаос нуди недопрена природа, диви животни и гостопримливи локалци – совршено за авантуристички настроени solo патници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни