Најбараниот телефон на светот е продаден во 338 милиони примероци

Според тврдењата на произведувачот, нивниот телефон оваа година најбрзо дошол до „милион“.

Секоја година, „Xiaomi“ претставува голем број на уреди од серијата „Redmi Note“, а како што тврдат, оваа година „Redmi Note 12 5G“ соборил еден рекорд. Како што е соопштено, глобалната продажба на серијата „Note“ надминала 338 милиони примероци, иако тоа и не е многу импресивно ако се земат предвид претходните бројки.

Така, на пример, минатиот извештај откри дека за четири месеци биле продадени околу 20 милиони примероци, а сега за повеќе од пет месеци се продадени 18 милиони примероци. Меѓутоа, еден модел забележал импресивна продажба.

Според „Xiaomi“, „Redmi Note 12 5G“ е телефон кој за најкратко време е распродаден во милион примероци во 2023-та година. Ова се однесува на периодот од првиот до седмиот месец на оваа година.

За потсетување, „Redmi Note 12 5 g“ е опремен со „AMOLED“ екран со дијагонала од 6,67 инчи, „FULL HD+” резолуција. Степенот на освежување на екранот е 120 Hz, а максималното осветлување е 1.200 нити. Екранот е заштитен со „Gorilla Glass 3“. На задниот дел од телефонот има три сензори за камерите во комбинација – 48 MP (главен сензор) + 8MP (ултраширок сензор) + 2 MP (макро сензор).

Под капакот на телефонот има батерија со капацитет од 5.000 mAh, со поддршка за брзо полнење до 33 W.

„Redmi Note 12 5G“ го придвижување „Qualcomm Snapdragon 4 Gen 1“ чип, кој е споен со 8 GB работна меморија (RAM) и до 256 GB простор за складирање на податоци.

Извор: bajtbox.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни