Најавена е регионална средба на архитекти и инженери во Прилеп

Регионалната средба е дел од планираните активности на КОАИ со цел приближување до членството и презентирање на донесените акти Тарифникот за Урбанистичко планирање и Ценовникот за висината на минималиот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата

По презентацијата на Нацрт Правилник ПМЗПЕ-1-001: 2022 на 12.04 2024 година во Скопје иницирано е одржување на регионална презентација на 11.05.2024 година во Прилеп.

Истиот ден во Прилеп кога ќе биде организирана презентација на сработениот Нацрт Правилник ПМЗПЕ-1-001: 2022 Правилник за мерките за заштита од пожар и експлозии, кој беше изработен врз основа на одлуката со архивски бр.02-867/3, донесена на ден 24.09.2021 од страна на Управниот Одбор на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а на кој правилник работеше работна група од 11 членови (претставници на различни одделенија), ќе се одржи и работилницата за Тарифникот и Ценовникот, со презентација на Упатството за пресметка на инженерските услуги согласно Ценовник за висината на минималиот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата.

Агенда

време опис
9.30 – 10.00 Пристигнување и регистрација
10.00 – 10.15 Поздравно обраќање на претставници на Комората
10.15 – 11.45 Презентација на Нацрт Правилник ПМЗПЕ-1-001:2022 правилник за мерките за заштита од пожар и експлозии
11.45 – 12.15 Дискусија и прашања
12.15 – 12.45 Кафе пауза
12.45 – 13.30 Упатство за пресметка на инженерските услуги согласно Ценовник за висината на минималиот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата
13.30 – 14.30 Дискусија и прашања
14.30 – 15.30 Пригодна закуска и неформално дружење

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни