Фармерите од цела Велика Британија планираат да протестираат во Лондон во вторник, поради новиот данок на наследство, кој би го придружувал националниот буџет за 2025 година односно, би се однесувал на земјоделските стопанства вредни повеќе од еден милион фунти (1,20 милиони евра).
Според Министерството за финансии, околу три четвртини од земјоделците нема да бидат засегнати од данокот, но според Секторот за рурални работи, вредноста на 66 отсто од фармите е над милион фунти.
Во говорот на конференцијата на велшкиот огранок на Лабуристичката партија, Стармер не спомна таков данок, но рече дека ќе ги брани „тешките одлуки“ што неговата влада ги донесе „за да ја стабилизира економијата“.
Околу 200 земјоделци вчера векќе протестираа во седиштето на владејачката Лабуристичка партија на британскиот премиер Кир Стармер поради неговата најава за данок на наследството на земјоделското земјиште.
На протестите во Ландудно, на северот на британската провинција Велс, земјоделците донесоа десетици трактори и друга земјоделска механизација со натписи „Даноци на труд = недостиг на храна“ и „Работничка војна на селата“.
Земјоделците најавија дека за премиерот подготвиле писмо кое започнува со зборовите „Не ја гризај раката што те храни“.