Познат кардиолог открива: Оваа навика пред спиење може да го загрози здравјето на срцето

Недостатокот на сон ја влошува хипертензијата и го зголемува ризикот од срцев удар и мозочен удар. Откријте ги најдобрите навики и положби за спиење за здравјето на срцето

Добриот сон не е луксуз, туку неопходност за здравјето на телото, особено на срцето и крвните садови. Кардиолозите предупредуваат дека кај луѓето кои страдаат од хипертензија, начинот и квалитетот на спиењето можат да играат клучна улога во контролата на крвниот притисок.

Кога недостатокот на сон станува опасност

Истражувањата покажуваат дека недоволното спиење ја влошува хипертензијата, додека лошите навики за спиење го зголемуваат ризикот од срцев удар и мозочен удар. Затоа квалитетниот сон е исто толку важен како и правилната исхрана и редовната физичка активност.

Лоши навики кои го зголемуваат притисокот

Доцното легнување и несоницата се сè почести проблеми на современиот човек. Кардиолозите нагласуваат дека овие навики можат значително да ја влошат состојбата на пациентите со висок крвен притисок.
Листата на штетни навики пред спиење вклучува:

-консумирање кофеин или алкохол,
-вежбање доцна навечер
-изложеност на светлина од дигитални уреди,
-дремење во текот на денот,
-емоционален стрес и расправии непосредно пред спиење.

Зошто хипертензијата е почеста кај младите?

Високиот крвен притисок се развива постепено, често како резултат на нездрав начин на живот – недоволна физичка активност, стрес и лоши навики. Особено загрижува зголемувањето на хипертензијата кај младите луѓе во урбаните средини. Доколку не се контролира, може да доведе до фатални компликации како што се срцев удар или мозочен удар.

Идеална должина и положба на спиење

Кардиологот Трупти Гилада нагласува дека се препорачува лицата со хипертензија да спијат од шест до осум часа во тивка и добро проветрена просторија.

Поточно, советува:

Спиење на лева страна – оваа положба го намалува притисокот врз крвните садови и го олеснува циркулацијата, што им помага на срцето и крвните садови да работат со помалку напор.

Овој совет е особено валиден за бремени жени кои страдаат од висок крвен притисок.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни