Започнува второто издание на „Навигатор“ – едукативната игра за човекови права

Онлајн играта на Europe House повторно носи учење, активизам и награди – годинава со нова „Портокалова планета“ посветена на борбата против родово-базирано насилство.

Europe House денес го лансира второто издание на „НАВИГАТОР“, интерактивна едукативна онлајн игра чија цел е да ја подигне свеста за човековите права и да го поттикне младинскиот активизам. Новата верзија е отворена за играње од денес, 25 ноември, сè до полноќ на 14 декември 2025 година – период во кој учесниците може да играат, да учат и да се натпреваруваат за главната награда: ИТ ваучер во вредност од 60.000 денари.

Како дел од иницијативата #TeamEurope, играта и оваа година ја добива поддршката на амбасадите на земјите-членки на ЕУ. Тие обезбедуваат дополнителни награди, како велосипед, патување во Германија, курс по шпански јазик, европски возни карти и многу други вредни подароци кои ќе ги добијат најуспешните играчи.

„Навигатор“ е достапен на македонски и албански јазик и може да се игра онлајн на:  https://europehouse.mk/navigator/   

Ова издание носи значајни унапредувања во однос на лани. Најголемата новина е „Портокаловата планета“, создадена во рамките на глобалната кампања „16 дена активизам против родово-базирано насилство“. Покрај неа, останатите тематски планети – кои обработуваат различни области од човековите права – се надградени со нови прашања, проширена содржина и подинамичен систем на игра.

За да учествуваат во извлекувањето, играчите треба да освојат најмалку 1.000 поени. Тие автоматски ќе бидат вклучени во изборот за главната награда, додека првите 10 најдобро рангирани играчи ќе добијат специјални награди од европските амбасади. Играта може да се игра неограничен број пати, а поени носат само точно и навреме дадените одговори.

„Навигатор“ е создаден како заеднички проект на Europe House, Канцеларијата на ОН во Северна Македонија, здружението за изработка на игри „Галактик Омнивор“ и Македонското здружение на млади правници, со поддршка од Министерството за образование. Изданието има и дополнителна симболика – се реализира во годината кога се одбележуваат 75 години од Европската конвенција за човекови права.

Победниците ќе бидат прогласени на свечената церемонија во Europe House Скопје на 17 декември 2025 година.

Биди гласен за своите права. Но, прво – добро запознај ги!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни