Претседателскиот центар Стево Пендаровски, во партнерство со Фондациите Отворено општество – Западен Балкан и ФЕС Скопје, организира суштинска јавна дебата за иднината на нашиот регион.
Дебатата насловена како „Навигација по европскиот пат: можности и предизвици“ ќе се одржи на осми април (среда) во хотел Солун во Скопје со почеток во 10.00 часот каде истакнати лидери и експерти ќе разговараат за сложеноста, предизвиците и можностите на патот кон европска интеграција.
На дебатат свои обраќања ќе имаат: Стево Пендаровски, поранешен претседател на Северна Македонија, Борут Пахор, поранешен претседател на Словенија и раководител на „Пријатели на Западен Балкан“, Кристоф Бендер, заменик-претседател на Европската иницијатива за стабилност (ESI) потоа Иван Вујачиќ, професор и поранешен амбасадор на Србија во САД, и претседател на одборот на Фондација д-р Зоран Ѓинѓиќ, Лура Положани, истражувач на Универзитетот во Грац и Миодраг Милосављевиќ, заменик директор на Фондациите Отворено општество – Западен Балкан
Местата за публиката се ограничени, а секој оној што сака да присуствува своето учество треба да го најави со испраќање е-пошта на: contact@pendarovskicenter.mk