Наутро мраз, преку ден пролет: Температурите во Македонија ќе достигнат и до 20°C

Неделава во Македонија нè очекува стабилно и сончево време со температури до 20 степени, но утрата ќе бидат студени со појава на мраз и слана.

Во текот на оваа седмица во земјава ќе има многу повеќе сонце, особено денес. Земјата ќе биде под влијание на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ, што ќе донесе повисоки дневни температури од вообичаените за овој период од годината.

Дневните температури ќе бидат над просекот за март и ќе се движат од 13 до 20 степени, создавајќи вистинско пролетно чувство во текот на денот.

Сепак, утрата ќе бидат значително постудени. На повеќе места температурите ќе се спуштаат неколку степени под нулата, при што се очекува појава на слаб мраз и слана.

Какво време го очекува Скопје?

Во Скопје и околината, утринската температура ќе се спушта до околу 0 степени, додека дневната ќе достигнува околу 18 степени.

Големи температурни разлики

Во следните денови ќе има голема разлика меѓу минималните утрински и максималните дневни температури. Тоа значи дека: наутро ќе преовладува зимско време, а преку ден ќе имаме вистинска пролет.

Оваа нагла промена може негативно да влијае врз метеопатите, кај кои се можни посилни здравствени тегоби поради осцилациите на времето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни