Науката тврди: Колку сте послаби толку мозокот ви е помлад

Преминот кон исхрана со многу свеж зеленчук и без преработена храна може значително да влијае на биолошката старост на мозокот, покажало новото истражување. Особено медитеранската исхрана богата со зеленчук, морска храна и интегрални житарки ги успоруваат знаците на забрзано стареење на мозокот кои обично се забележуваат кај дебелите луѓе.

Имено, нашата возраст во години не мора да се совпаѓа со биолошката возраст на организмот или со чувството и енергијата што ја имаме.

Ако живееме нездрав живот, нашето тело може да старее побрзо од нас. Спротивно на тоа, биолошкото стареење предизвикано од стресни настани може да биде реверзибилно, како што било наведено во студијата, подобрата исхрана би можела да биде една од наједноставните опции за подобрување на физичката кондиција.

За време на студијата, научниците ги снимиле мозоците на 102 учесници во Израел, кои учествувале во поголема клиничка студија. Тие го скенирале мозокот пред да започне студијата, а потоа и по 18 месеци. Тие исто така ја тестирале функцијата на црниот дроб, нивото на холестерол и телесната тежина.

Испитаниците биле поделени во три групи: едната беше на медитеранска диета со многу јаткасти плодови, риба и пилешко наместо црвено месо; втората на медитеранска исхрана со додатоци како зелен чај и третата на диета базирана на упатства за здрава исхрана.

Учесниците изгубиле во просек по 2,3 килограми за време на клиничкото тестирање. Научниците откриле дека за секој 1 процент од телесната тежина изгубена по следење на одредена диета или здравствени упатства, мозокот на учесниците изгледал речиси девет месеци помлад од нивната хронолошка возраст, пишувале „Science Alert“.

Знаците на забавено стареење на мозокот исто така биле поврзани со пониски нивоа на маснотии во црниот дроб и подобрен липиден профил.

„Нашата студија ја нагласува важноста на здравиот начин на живот, кој вклучува помала потрошувачка на преработена храна, слатки и пијалаци, за одржување на здравјето на мозокот“, изјавил невронаучникот Гидон Леваков од Универзитетот Бен-Гурион во Израел.

Извор: b92.net

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни