Науката ја реши вечната дилема: Кој е попаметен, кучињата или мачките

На пример, кучињата може да се истренираат да прават многу работи, но тие се главно зависни од луѓето, споредено со мачките кои можат да се грижат сами за себе. Според тоа дали мачките се попаметни од кучињата?

Од кога постои светот постои и дилемата кој е попаметен, кучињата или мачките. Како што љубителите на кучиња тоа го тврдат за своите крзнени миленици, така и обожавателите на мачките се држат до своите размислувања. Сепак науката го даде своето гледање на ситуацијата.

Откако независни научници ја завршиле студијата, дошле до заклучок дека кучињата имаат околу 550 милиони неврони во мозокот, додека кај мачките тој број е скоро на половина, односно 250 милиони. Според тоа логично доаѓа одговорот дека кучињата се попаметни од мачките, но реалноста сепак е многу покомплексна.

Кога зборуваме за различни животни, логично е дека имаат различно ниво на интелигенција, а тоа е поприлично тешко да се разграничи. Ако се земе фактот дека двата вида се создадени за различни цели, многу е тешко да се спореди нивната интелигенција. На пример, кучињата може да се истренираат да прават многу работи, но тие се главно зависни од луѓето, споредено со мачките кои можат да се грижат сами за себе. Според тоа дали мачките се попаметни од кучињата? Па секако дека не.

И мачките и кучињата се паметни на свој начин, во зависност од тоа што треба да прават. Ако сакате да споредите што е подобро, автомобил или мотор, ќе сфатите дека имаат свои сличности, но е невозможно да ги споредите, бидејќи се создадени за различни намени.

Во повеќето случаи луѓето ја мерат интелигенцијата на милениците врз основа на тоа колку се способни да ги извршат наредбите кои ги добиваат. Кучињата се познати по тоа што лесно се дресираат, што укажува на тоа дека се попаметни. Меѓутоа, можете да ги дресирате и мачките, само треба да го одберете вистинскиот начин. Но и тоа не е вистинскиот метод за да направите споредба на интелигенцијата помеѓу овие домашните миленици.

Главниот проблем во мерењето на интелигенцијата на мачките и кучињата е тоа што не постои универзален инструмент. Не постои ниту еден реален параметар кој ќе ви покаже кој е попаметен. Во повеќето случаи тоа што функционира за мерење на интелигенцијата на кучињата нема да функционира кај мачките и обратно.

Затоа, дебатата за ова прашање кој е попаметен меѓу домашните миленици, кучињата или мачките, по сè изгледа ќе продолжи до недоглед. Секој љубител на четири ножен пријател ќе ги застапува ставовите кои се во интерес на неговиот миленик.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни