Научниицте тврдат-Вештачката интелигенција нè прави мрзливи и глупави

Ако се користат „на погрешен начин, технологиите доведуваат до намалување на когнитивните способности кои треба да се зачуваат“, предупредиле научниците во трудот што ќе биде претставен крајот на април и почетокот на мај на конференцијата за компјутерски науки и човечки фактори во Јокохама, Јапонија.

Корисниците на вештачката интелигенција (AI) кои дозволуваат на ботовите да размислуваат наместо нив на работа, избираат полесен пат кој е штетен за нивниот ум, покажало новото истражување.

Анкетата спроведена меѓу 300 вработени во Мајкрософт, творец на AI системот Copilot, открила „намалување на когнитивниот напор што самиот систем го пријавил“ меѓу многу корисници кои ја користат вештачката интелигенција на повеќе од 900 начини на работа, пренесува агенцијата ДПА.


Ако се користат „на погрешен начин, технологиите доведуваат до намалување на когнитивните способности кои треба да се зачуваат“, предупредиле научниците во трудот што ќе биде претставен крајот на април и почетокот на мај на конференцијата за компјутерски науки и човечки фактори во Јокохама, Јапонија.

„Поголема доверба во вештачката интелигенција е поврзана со намалување на критичкото размислување, а поголемата самодоверба е поврзана со посилно критичко размислување“, тврди тимот научници од Универзитетот Карнеги Мелон.

Со други зборови, користењето на вештачката интелигенција може да доведе до тоа луѓето да останат фокусирани на едноставни секојдневни задачи, како што е проверување на често непредвидливите акции на ботови, наместо да се занимаваат со когнитивно потешки задачи, како што се креирањето стратегии и решавањето проблеми, сугерира истражувањето.

„Генеративната AI го пренасочува критичкото размислување кон валидација на информациите, интеграција на одговори и управување со задачи“, објавил е тимот Microsoft-CMU по проценката на одговорите на нивните вработени кои користеле ботови како ChatGPT за задачи како што се пишување е-пошта или прегледување на работата на нивните колеги.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни