Научниците ја открија Зеландија, 8-от континент кој исчезнал пред 375 години

Протегајќи се на неверојатни 1.890.000 квадратни милји, оваа „исчезната“ копнена маса лежи главно под вода, скриена 2 километри под океан. Континентот, исто така познат како Те Риу-а-Мауи на Маорски јазик, првпат бил детектиран во 1642 година од холандскиот истражувач Абел Тасман, но неговото постоење не го потврдиле истражувачите, се до неодамнешниот напредок во геологијата и технологијата.

Ова значајно откритие не само што го редефинира нашето разбирање за географијата на Земјата, туку и покренува интригантни прашања за историјата на континентите и силите што ја обликуваат нашата планета.

Приказната за Зеландија започнува пред речиси 500 милиони години како дел од суперконтинентот Гондвана, кој исто така ги вклучуваше и денешен Антарктик, Австралија, Јужна Америка и Африка. Пред околу 100 милиони години, геолошките сили почнаа да ја раздвојуваат Гондвана, а Зеландија полека се одвои од источна Австралија. Сепак, за разлика од повеќето други континенти, Зеландија значително се повлече под вода. Приближно 94% од копното потона под океанот, оставајќи само делови од современата Нова Каледонија над вода.

Точните причини зад драматичното тонење на Зеландија остануваат мистерија. Научниците шпекулираат дека голема улога одиграла комбинацијата на тектонско поместување и истенчување на површината. Овие процеси го оставија континентот скриен под слоеви на океанскиот седимент, што го отежнува лоцирањето.

Потрагата по изгубениот континент се интензивираше во 2017 година кога истражувачите од GNS Science, Новозеландскиот истражувачки институт за геологија, користеа современи техники за мапирање и дупчење на морското дно за да ги исцртаат границите на потопеното копно. Сепак, научната заедница се двоумеше официјално да ја признае Зеландија како континент поради нејзините уникатни карактеристики. Еден голем предизвик во проучувањето на Зеландија е нејзината длабочина – голем дел од копното се наоѓа повеќе од 2 километри под вода.

„Тешко е да се направат откритија кога сè е 2 километри под вода, а слоевите што треба да ги земете се на 500 метри под морското дно“, објасни Роберт Сатерленд, професор по геофизика на Универзитетот Викторија во Велингтон. „Навистина е предизвик да се излезе и да се истражува таков континент”.

И покрај овие пречки, научниците успешно собраа докази кои го поддржуваат континенталниот статус на Зеландија. Ова го вклучува неговиот посебен геолошки состав, кој се усогласува со критериумите што се користат за дефинирање на континентите.

Признавањето на Зеландија како континент претставува значајна пресвртница во геологијата, нудејќи нови перспективи за формирањето и еволуцијата на копнените маси на Земјата. Научниците се надеваат дека проучувањето на Зеландија ќе обезбеди клучни сознанија за тоа како континентите се распаѓаат и тонат. Разбирањето на уникатната историја на Зеландија, исто така, може да го насочи фокусот на истражувачите и врз слични потопени копна во другите делови на светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни