Научниците кои ја следат и ја анализираат површинската температура на океаните во светот останаа вчудовидени после анализата на податоците собрани во текот на минатиот месец.
Според податоците кои ги анализираше Институтот за климатски промени при Универзитетот Мејн, дневните температури на површината на океаните во април годинава ги срушиле сите историски рекорди и се највисоки измерени во последните 40 години.
Резултатите од анализата ги прокоментира физичарот и експерт за климатски промени Роберт Родхе, кој напиша како во последниот месец дневниот индекс континуирано бил повисок отколку кога било.
Биогеохемичарот Јенс Терхаат додава дека ова е само почетокот на последиците на климатските промени.
Студијата беше објавена минатиот месец во списанието Earth System Science Data и открива дека Земјата во изминатите 15 години акумулирала исто толку топлина како и 45 години пред тоа, што е загрижувачки знак ека не чека значителен пораст на глобалните температури.
Што е уште полошо, научниците уште не се целосно сигурно зошто се случува тоа, но предупредуваат дека се се случува побрзо отколку што очекувале, а какви ќе бидат последиците никој не се осмелува да прогнозира.
Извор: politika.rs