Споменатиот тим на научници создал систем кој зема примероци од храната и го репродуцира нејзиниот вкус користејќи хемикалии кои ги претставуваат петте основни вкусови: натриум хлорид за солено, лимонска киселина за кисело, гликоза за слатко, магнезиум хлорид за горчливо и глутамат за умами.
„Тие пет вкусови веќе претставуваат многу широк спектар на храна што ја имаме секој ден„, вели Јижен Џиа од споменатиот американски универзитет и главен автор на истражувањето објавено во списанието Science Advances.
Сензорите детектираат хемиски нивоа во храната и ги претвораат во дигитални читања. Овие вредности ја контролираат пумпата која испорачува хидрогели кои содржат арома преку цевка под јазикот на човекот.
Научниците ја процениле точноста на e-тaste барајќи од десет учесници да оценат колку добро ја реплицира киселоста, а 70% се совпаѓаат со вистинските примероци. Вториот тест вклучуваше шест учесници кои разликуваа сложени вкусови како лимонада, колач и кафе со повеќе од 80% точност.
Алан Чалмерс од Универзитетот во Ворвик, кој не бил вклучен во истражувањето, ги истакнува ограничувањата на системот е-Вкус.
„Следниот пат кога ќе изедете јагода, затворете ги носот и очите. Јагодата е многу кисела, но се смета за слатка поради нејзината арома и црвена боја. Значи, ако испраќате само кисело со нивниот уред, никогаш нема да знаете дека всушност е јагода“, објасни Чалмерс.
Електронскиот јазик, како што е овој, може да ја извлече количината на сладост и киселост, но не и вкусот што го доживува човечкиот јазик, истакнува тој.