Научниците со помош на вештачка интелигенција развија нови антибиотици против гонореја и MRSA

Истражувачи од MIT користеа AI за да создадат нови потенцијални антибиотици против отпорни бактерии како гонореја и MRSA. Технологијата може да ја револуционизира борбата против супербактерии.

Научници од Масачусетскиот институт за технологија (MIT) користеле вештачка интелигенција (AI) за да дизајнираат нови потенцијални лекови против т.н. „супербактерии“ – опасни инфекции кои се отпорни на постојните антибиотици.

Иако AI веќе игра значајна улога во забрзување на процесот на откривање лекови, тимот од MIT отиде чекор понатаму. Наместо да бараат постоечки соединенија, тие користеле генеративни AI алгоритми за да создадат нови, досега непознати молекули, кои би можеле да се претворат во нови антибиотици.

Фокус на гонореја и MRSA

Тимот се насочи кон две бактерии со високо ниво на отпорност: Гонореја, која американските здравствени власти ја сметаат за итна јавноздравствена закана и Мултирезистентен стафилококус ауреус (MRSA) – опасна болничка инфекција

„Сакавме да избегнеме се што личи на постоечки антибиотик, за да се справиме со кризата на антимикробна резистенција на нов начин,“ рече Аарти Кришнан, истражувачка од MIT и коавтор на студијата.

Преку 36 милиони молекули – до две вистински соединенија

AI моделите генерирале повеќе од 36 милиони хемиски соединенија, од кои неколку покажале потенцијал за уништување на бактериите. Истражувачите ја развиле NG1, молекула која е многу ефикасна против гонореја – и во лабораторија и во глушец.

Во случајот на MRSA, идентификувани се шест молекули кои успешно го убиле бактеријата во лабораториски услови.

Надеж за иднината

Истражувањето е објавено во списанието Cell, а научниците веќе соработуваат со биотех-компанијата Phare Bio за да ги продолжат тестирањата.

„Нашата работа покажува колку е моќна вештачката интелигенција во дизајнот на нови лекови,“ изјави професорот Џејмс Колинс од MIT. „Со ова отвораме пристап до хемиски простори кои досега беа недостапни.“

Светот во трка со супербактериите

Според податоци, антибиотски-отпорни инфекции придонеле за 4,71 милион смртни случаи во 2021 година, а бројката се очекува да расте. Новите технологии како оваа би можеле да понудат пресвртница во глобалната борба против антимикробната резистенција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни