Научниците се жалат дека сателитите „Старлинк“ на Илон Маск пречат на истражувањата

Радио брановите од се поголемата мрежа на сателити на „Старлинк“ на Илон Маск ги попречуваат астрофизичките истражувања, тврдат холандските истражувачи.
Фото: Jud McCranie, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Новата генерација на сателити „Старлинк“ кои овозможуваат брз сателитски интернет ги попречуваат радиотелескопите многу повеќе отколку претходните верзии, се жалат истражувачите.

Илјадницните сателити во орбитата ги „заслепуваат“ радиотелескопите и можеби ги попречуваат истражувањата, според холандскиот Институт за радиоастрономија (ASTRON).

Сателитите нудат широкопојасен интернет ширум светот, дури и на далечни места каде што нема можност за пристап до интернет на поинаков начин. „Старлинк“ исто така обезбедува и интернет на локации како Украина и Јемен.

Интернетот на „Старлинк“ нуди брз и пристапен интеренет, но според астрономите тоа има своја цена.

Фото: Official SpaceX Photos, CC0, via Wikimedia Commons

„Секогаш кога се лансираат нови сателити со вакви нивоа на емисии, гледаме се помалку и помалку од небото“ вели професорката Џесика Демпси, директорка на АСТРОН.

„Се обидуваме да набљудуваме работи како млазови кои се емитувани од црните дупки во центрите на галаксиите. Исто така ги проучуваме некои од најстарите галаксии, оддалечени милиони и милиони светлосни години, како и егзопланети“ вели  таа истакнувајќи дека сателитите влијаат врз ваквите истражувања.

Од АСТРОН велат дека втората генерација од сателитите, има 32 пати поголемо зрачење од тие од првата генерација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни