За некому да му помогнеме да престане да пуши битно е да знаеме колку цигари пуши и до која мера може повремено да паузира. Нов експериментален ѓердан за следење на пушењето наречен SmokeMon е дизајниран да помогне и во едното и во другото.
Ѓерданот моментално го развиваат истражувачи на Медицинскиот факултет Фајнберг при Универзитетот Нортвестерн. Уредот содржи сензори на топлина кои постојано ја следат топлината на запалената цигара додека се движи до и од устата на корисникот.
Со тие податоци софтверот базиран на машинско учење може да постави топографија на пушењето на секој корисник. Тука е вклучено времето на траење н пушењето, времето, бројот, траењето и количината на вдишување, плус интервалите помеѓу вдишувањата.
Врз основа на тие информации може да се формулира реален, изводлив план за одвикнување на секој пушач од цигарите. Освен тоа, ако пушачот подлегне на искушението и испуши некоја цигара додека се одвикнува од нив, што ќе го открие SmokeMon, може да се утврди деки тие испушени цигари се лапсус или враќање на пушењето.
Извор: vidi.hr