Научниците предупредуваат на „темната страна“ на најсреќните земји во светот

Светскиот индекс на среќа се базира на субјективното чувство на среќа и задоволство, но за да се добие подобар впечаток, во таа пресметка треба да се вклучат и други околностии

Иако за ова нема научна основа, општо се верува дека третиот понеделник во јануари е најдепресивниот ден во годината и е поврзан со чувство на тага, демотивација и летаргија. Понеделникот зад нас беше таканаречениот „син понеделник“, па така и официјално помина најдепресивниот ден во годината.

Кога станува збор за среќата и депресијата, некои претходни студии покажуваат дека луѓето во одредени земји – пред се скандинавците, се сметаат за најсреќни луѓе во светот. На пример постои добро познат дански начин на живот наречен hygge и се однесува на „способноста да се ужива“ во мали и смирувачки нешта и да се создаде интимна и душевна удобност.

Многумина ќе речат дека е многу полесно во земјите со висок стандард и ниско ниво на корупција, каде што луѓето не мора да размислуваат за егзистенцијални проблеми, туку можат да посветат повеќе време на себе и на своите семејства. Но, како што покажа студијата објавена во Scientific Reports, таквите најсреќни земји во светот имаат и темна страна.

Имено, резултатите од тоа истражување покажале дека поради тоа што се опкружени со среќни луѓе, некои луѓе се под социјален притисок да бидат среќни, што на крајот создава само спротивен ефект. Научниците нагласуваат дека денес преку социјалните мрежи луѓето се изложени на притисок и мора да имаат само позитивни емоции, додека негативните треба да се избегнуваат. Таквиот притисок може да резултира и со помало задоволство од животот, негативни емоции, стрес, анксиозност итн.

Во истражувањето се користени податоци од светскиот индекс на среќа, кој се базира на субјективното чувство на среќа и врз основа на овие податоци утврдено е колку социјалниот притисок врз луѓето да бидат среќни, влијае на нивната благосостојба. Иако, луѓето во такви земји како на пример, Данска, просечно се посреќни, за луѓето кои живеат во овие земји и веќе се изложени на одреден притисок, животот меѓу среќни луѓе може да има негативен ефект.

Во таквите земји, наведува Science Alert, чувството на среќа се наметнува како очекувана норма која другите мора да ја следат.

Поради ова, тие велат дека можеби би можеле да размислат за начините на кои ја мериме националната благосостојба и среќа и не треба да се фокусираат само на позитивните емоции, туку и на некои други работи како на пример како луѓето реагираат на негативните емоции, наоѓање удобност во непријатноста, фокусирање на други фактори како што се други вредности и меѓучовечки односи, како и на општата отвореност на луѓето за различни искуства.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни