Научниците потврдиле постоење на енергетско поле околу Земјата

Научниците откриле тајно земјино амбиполарно поле, откривајќи со тоа клучна сила која ја обликува нашата атмосфера и влијае на еволуцијата на планетата.
Фото: НАСА

Слабото и тешко забележливо енергетско поле долго „се криело“ од научниците, но конечно е измерено околу Земјата. Познато како амбиполарно поле, тоа електрично поле прв пат е споменато пред повеќе од 60 години, а неговото откривање може да биде револуционерно за нашето разбирање за однесувањето и еволуцијата на нашата планета.

Секоја планета со атмосфера би требало да има амбиполарно поле, истакнува астрономот Глин Колинсон од НАСА.

Земјата е обвиена од различни полиња, вклучувајќи ги и добропознатите гравитациски и магнени полиња, кои се важни за одржување на атмосферата и заштита од сончевото зрачење.

Но, во 1968 година, беше забележан нов феномен, звучен ветер од честички кои излегуваат од атмосферата на Земјата, веројатно поттикнати од неоткриено електрично поле.

Тоа се вика амбиполарно поле, кое се спротивставува на гравитацијата и испушта честички во вселената. Меѓутоа, технологија за мерење и откривање на тоа поле не била достапна до неодамна, поради што е развиена ракетата Endurance за истражување на таа невидлива сила.

Амбиполарното поле делува во специфичен слој на атмосферата, почнувајќи на висина од околу 250 километри над Земјата. Во таа област ултравиолетовото и сончево зрачење ги јонизираат атомите, создавајќи деликатна рамнотежа помеѓу лесните електрони и потешките јони.

Таа рамнотежа резултира со електронско поле кое ги поврзува тие честички заедно, познато како амбиполарно поле, кое делува во две насоки – електроните се туркаат нагоре, а јоните ги повлекуваат надолу.

И покрај неговата слабост, мисијата Endurance, која е започната во 2022 година, успешно го детектирала ова поле. Забележала ситна промена на електричниот потенцијал, од само 0,55 волти.

Тој мал напој е доволно силен за да ги испрати водородните јони во вселената со брзина на звукот и да ги подигне тешките јони од кислородот, значително зголемувајќи ја густината на јоносферата.

Научната заедница сега се соочува со прашања за широките импликации на амбиполарното поле.

„Тоа поле е темелен дел од начинот на кој Земајта функционира“ нагласува Колинсон, а научниците сега ќе може да започнат истражувања на неговото влијае на еволуцијата на нашата планета.

Извор: Б92

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни