Со помош на суперкомпјутер, научниците ја предвиделе еволуцијата на Сонцето и откриле дека животот на Земјата ќе стане невозможен до годината 1.000.002.021. Сонцето ќе станува сè потопло, температурите ќе растат, а нивото на кислород ќе опаѓа.
На прв поглед, изјавата на Илон Маск дека Сонцето ќе ја уништи Земјата можеше да се сфати како обид да го промовира неговиот вселенски програм и колонизацијата на Марс, но научници од НАСА и Универзитетот Тохо во Јапонија ја потврдиле неговата загриженост, пишува Daily Mail.
Тие спровеле стотици илјади симулации на суперкомпјутер, анализирајќи ја долгорочната промена во климата и атмосферата на Земјата. Во над 400.000 симулации, заклучиле дека постепеното зголемување на сјајот на Сонцето ќе ја дестабилизира климата, што ќе резултира со пад на нивото на кислород и масовно изумирање на животот.
Научниците предвидуваат дека за приближно пет милијарди години, Сонцето ќе влезе во фазата на црвен џин, фаза во која ќе му снема водород како гориво и ќе се прошири драматично – можеби дури и доволно за да ги проголта Меркур, Венера и потенцијално Земјата.
Администрацијата на Доналд Трамп на 1 мај укина финансирање од шест милијарди долари за истражувања и операции на Меѓународната вселенска станица, вклучително и за мисијата за враќање на примероци од Марс (MSR). Тој проект досега ја чинел НАСА милијарди долари и имал за цел да донесе примероци собрани од марсовските ровери назад на Земјата за анализа.