Научниците објаснуваат како ураганот Мелиса стана „ѕвер“ меѓу атлантските бури

Ураганот Мелиса, кој оваа недела го погоди Јамајка со ветрови од рекордни 298 километри на час, се издвојува како една од најмоќните и најневообичаени бури забележани во последната деценија – период кога Атлантскиот океан бележи пораст на таканаречените „монструозни“ урагани, поттикнати од сè потоплите води.
epa12488128 A house is damaged by Hurricane Melissa in Kingston, Jamaica, 28 October 2025. Hurricane Melissa made landfall in Jamaica with maximum sustained winds of nearly 295 kilometers per hour (185 miles per hour), torrential rains, and storm surges that threaten to cause flooding and damage. EPA/Rudolph Brown

Според метеоролозите, Мелиса не само што го изедначила рекордот за јачина при излегување на копно, туку го достигнала и историскиот минимум на барометриски притисок, што е клучен показател за интензитетот на ураганите. Овие вредности се изедначени со легендарниот ураган од Денот на трудот во 1935 година во Флорида, како и со ураганот Доријан од 2019 година.

„Тоа беше неверојатна, вистинска ѕверка од бура,“ изјави Фил Клотсбах, истражувач на урагани од Државниот универзитет во Колорадо.

Научниците објаснуваат дека Мелиса поминала низ процес на „екстремна брза интензификација“, зголемувајќи ја брзината на ветрот за повеќе од 110 километри на час за само 24 часа – двојно повеќе од она што се смета за брза промена. Потоа следел и втор бран на засилување, што ја подигнал јачината на ветерот на над 280 километри на час.

Обично, ваквите урагани доживуваат таканаречен „циклуз на замена на окото“ – фаза во која се губи дел од енергијата додека се формира ново „око“ на бурата. Но, Мелиса никогаш не влегла во таа фаза – што, според експертите, е речиси невидено.

Иако некое време престојувала крај планинскиот релјеф на Јамајка, кој вообичаено ги ослабува ураганите, Мелиса останала стабилна и дури продолжила да се засилува.
„Како да не забележа дека покрај неа има огромен остров со планини,“ изјави зачудено Брајан МекНолди од Универзитетот во Мајами.

Главното „гориво“ на ураганите е топлата морска вода. Но, она што ја направило Мелиса исклучителна е тоа што температурата на морето во нејзината патека била за два степена повисока од сезонскиот просек. Наместо да се излади водата под неа – што обично се случува кај бури што стагнираат на едно место – океанот под Мелиса останал топол и постојано ја хранил бурата со енергија.

Според анализата на Climate Central, ваквата топлина на морето е 500 до 700 пати поверојатна поради климатските промени предизвикани од човечка активност.

„Неверојатно е како оваа бура едноставно продолжи да се храни без пречки,“ изјави Бернадет Вудс Плеки, главен метеоролог на Climate Central. „Беше како експлозија – бројките растеа со секој нов извештај.“

Мелиса не е изолиран случај. Според експертите, растечките температури на океаните создаваат услови за почести и посилни урагани, кои сè потешко се контролираат и предвидуваат.

Како што вели Клотсбах: „Ако ова е новата нормалност за Атлантикот, тогаш сме влегле во ера на урагани што ќе ја тестира нашата подготвеност, науката и човечката издржливост.“

Извор: Euronews

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни