Научниците објавија листа на најинтелигентни раси на кучиња

Кучињата покажуваат различни образци на однесување, функции и когнитивни способности кои можат да ги надминат приматите (освен луѓето)

Во животинското царство, големиот мозок генерално се поврзува со поголема интелигенција. Новото истражување на научниците од Франција, сепак, покажува дека ова не е вистинa кога станува збор за кучињата.

Истражувачите од Универзитетот во Монпелје анализирале повеќе од 170 раси, споредувајќи ја големината на мозокот со големината на телото за да измерат кои раси имаат релативно голем, а кои релативно мал мозок во однос на телото. Тие откриле дека расите со помал мозок најдобро реагираат на тренинг и имаат добро краткорочно сеќавање – две карактеристики кои се сметаат за „интелигенција“ кај кучињата.

Од друга страна, расите со релативно поголем мозок покажувале поголем страв, агресивност, ирационално однесување и анксиозност од одвојување од сопственикот – карактеристики поврзани со недостаток на интелигенција.

Значи, ако имате големо куче како што е ретривер, ротвајлер или сибирски хаски, најверојатно има помал мозок (во однос на своето тело) од други раси, но сепак е попаметно од другите. Но ако имате помало куче кое можете да го ставите во вашата торба, најверојатно има поголем мозок (соодветно на своето тело), но пониска интелигенција. Иако новите откритија може да изгледаат спротивно на нашата интуиција, научниците објаснуваат дека прекумерното одгледување на кучиња го променило „природниот“ изглед на кучешкиот мозок.

Новото истражување го водела Ана Балкарсел, биолог и палеонтолог од Универзитетот во Монпелје, а резултатите се објавени во Biology Letters.

„Кучињата покажуваат различни образци на однесување, функции и когнитивни способности кои можат да ги надминат приматите (освен луѓето)“, напишале Балкарсел и нејзините колеги во нивната работа, пренесува Daily Mail.

Концептот за „раса“ не е природен – туку бил создаден од луѓето кога почнале интензивно да одгледуваат кучиња кон крајот на 19-тиот век. Од тогаш, кучињата се селективно одгледувани за да се нагласат одредени карактеристики, што довело до создавање на така наречените раси, кои се разликуваат една од друга.

Најинтелигентни раси на кучиња според мислењето на научниците се:

  • ротвајлер
  • сибирски хаски
  • голем пиринејски куче
  • ретривер
  • европски мастиф

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни