Според научните истражувања, колку сте паметни зависи од интелигенцијата на едниот родител.
И како изгледа тоа од таа научна гледна точка?
Познато е дека жените имаат XX хромозоми, а мажите имаат XY хромозоми. Хромозомите се наоѓаат во клетките и се одговорни за пренесување на гени. Истражувањата тврдат дека интелигенцијата доаѓа директно од тие значајни X хромозоми, а бидејќи нашите мајки имаат XX хромозоми, постои двојно поголема шанса нашата интелигенција да доаѓа од нив.

Истото истражување покажа дека XY хромозомите придонесуваат за физичкиот развој на децата.
„Луѓето кај кои преовладуваат гените на мајката имаат поголема глава и мозок, и помал долен дел од телото. Од друга страна, луѓето кај кои преовладуваат гените на таткото имаат помали мозоци, но поголем долен дел од телото“, рече еден од истражувачите, како што објави порталот „Бебак“.
Покрај тоа, истражувачи од Универзитетот во Вашингтон покажаа дека емоционалната поврзаност е многу важна за развојот на мозокот.
И една студија на Одделот за медицински истражувања за услуги за заедницата и јавното здравје во Глазгов откри дека децата имаат тенденција да бидат повеќе слични на своите мајки во однос на интелигенцијата.

Истражувачите ги интервјуирале децата секоја година на возраст од 14 до 22 години, земајќи ги предвид различните фактори како што се образованието и социо-економскиот статус. Тие откриле дека најдобриот предиктор за интелигенција се нивните мајки – коефициентот на интелигенција на младите луѓе е околу 15 поени различен од коефициентот на интелигенција на мајката.
Но, не сите научници се согласуваат со овој основен принцип на Х хромозомот. Други истражувачи нагласија дека генетиката не е единствениот фактор во одредувањето на интелигенцијата на детето.
Според „Psychology Spot“, се проценува дека 40-60 проценти од интелигенцијата е наследена – остатокот доаѓа од нашата околина. Така, мајките и татковците можат да играат важна улога во емоционалниот и интелектуалниот развој на своите деца преку градење самодоверба, играње и учење нови вештини, објавува порталот „N1“.