Овој нарушен систем, кој го зафаќа околу 400.000 луѓе во Велика Британија, се карактеризира со исцрпувачки замор кој не се ублажува со одмор, а дијагнозата досега беше многу тешка за поставување, пишува „Скај њуз“.
Тестот функционира така што анализира епигенетски обрасци во ДНК – хемиски ознаки кои покажуваат како се „вклучени“ или „исклучени“ гените.
Истражувачите откриле дека пациентите со ШЗ имаат специфичен епигенетски потпис кој се разликува од оној на здравите лица.
Професор Дмитриј Пшежецки, кој го водел истражувањето, истакнал дека овој тест би можел да овозможи порана и поточна дијагноза, како и подобро лекување на пациентите. Тој додал дека технологијата може да се користи и за развој на сличен тест за дијагностицирање на долготраен ковид.
Сепак, други стручњаци предупредуваат дека треба да се спроведат дополнителни независни клинички студии пред тестот да биде достапен за пациентите. Професор Крис Понтинг од Универзитетот во Единбург нагласил дека тестот, дури и ако се потврди неговата ефикасност, може да биде скап – околу 1.100 евра по примерок.
Извор: N1info.rs