Search

Научници: Ова е најдобриот појадок за оние кои страдаат од срце

Научниците од клиниката Сент Мишел во Торонто спроведоа истражување за најдобрата храна за срцевите болни. Се покажа дека бадемите се особено корисни за оваа група луѓе бидејќи го намалуваат нивото на „лошиот“ холестерол, што последователно го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, вклучувајќи срцев и мозочен удар.

„Дневното консумирање бадеми, во порција од една до две шаки, доведува до намалување на нивото на холестерол за 9,4 отсто“, нагласи д-р Дејвид Џеј А. Џенкинс.

Според друга студија спроведена од научници од Универзитетот во Илиноис, дневното консумирање на четири лажици мед растворени во чаша вода го зголемува нивото на антиоксиданси во крвта и на тој начин ги штити здравите клетки од оштетување предизвикано од слободните радикали.

Затоа, најкорисен појадок за срцевите болни е мала порција бадеми, измиени во вода со мед.

Пред да вклучите бадеми и мед во вашата исхрана, консултирајте се со вашиот лекар, бидејќи тоа се намирници кои можат да предизвикаат алергиска реакција.

Фото: pexels
Извор: index

Најново

Последни колумни