Научници откриле чуден сигнал во гравитационите бранови

Научниците за прв пат ja измериле реакцијата или „ударот“ што настанува по раѓањето на нова црна дупка формирана од спој на две постоечки црни дупки.

Меѓународниот тим истражувачи ја измерил плетката во тканината на вселената, позната како гравитациони бранови, што им овозможило да добијат без преседан увид во динамиката на две црни дупки кои се судираат една со друга.

Тимот анализирал податоци собрани од напредните детектори на LIGO и Virgo за гравитационни бранови во 2019 година, кои изгледа дека ги забележуваат двете црни дупки како се спојуваат, при што резултираниот поголем објект е отфрлен со илјадници милји во секунда.

Настанот, наречен GW190412, опишува судир на црна дупка со маса осум пати поголема од Сонцето, со друга црна дупка што има 30 пати поголема маса од Сонцето, на оддалеченост од 2.4 милијарди светлосни години.

Истражувачите забележале нееднакви гравитационни бранови кои се расејуваат во различни насоки, како што е детално опишано во новото истражување објавено во списанието Nature Astronomy минатата недела.

Според водејќиот автор и професор на Универзитетот во Сантијаго де Компостела, Хуан Калдерон-Бустило, „Судирите на црни дупки можат да се разберат како суперпозиција на различни сигнали, слично на музиката на оркестар што е составена од многу различни инструменти“.

Калдерон-Бустило и неговите колеги утврдиле дека резултираќката црна дупка била забрзана до неверојатни 31 милји во секунда, што е доволно за да ја напушти гравитационата кластер на ѕвезди. Меѓутоа, дали настанот се случил во таков кластер, сè уште не е познато, бидејќи се работи за екстремно големи растојанија.

Истражувањето може да им овозможи на научниците да истражуваат други спојувања на црни дупки користејќи и гравитационни бранови и електромагнетски сигнали.

„Спојувањата на црни дупки во густи средини можат да водат до детектирање на електромагнетски сигнали — познати како блесоци — кога преостанатата црна дупка преминува низ густи средини како активни галактични јадра“, објаснил коавторот и докторски студент на Универзитетот во Хонг Конг, Самсон Леонг.

Ова е едно од најдеталните и неверојатни реконструкции на насилни настани што се случуваат на милијарда светлосни години далечина.

„Ова е еден од ретките феномени во астрофизиката каде што не само што детектираме нешто, туку реконструираме целосно 3D движење на објект кој е милијарди светлосни години далеку, користејќи само бранови во вселената“, изјавил коавторот и астрофизичар на Универзитетот на Пенсилванија, Коустав Чандра.

„Ова е неверојатно демонстрирање на тоа што гравитационните бранови можат да направат“, додал тој.

Извор: Futurism

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни