Овие потреси предизвикаа страв кај жителите и дилеми меѓу научниците: дали причината се тектонски движења или вулканска активност?
Нова студија, објавена во списанието Nature, го дава одговорот. Со помош на подводни сензори и нов модел на вештачка интелигенција, научниците откриле дека земјотресите биле резултат на движење на магма од блиските вулкани, кои предизвикале подигање и спуштање на островот.
„Успеавме речиси во реално време да ја следиме целата сеизмичка криза и да научиме повеќе за интеракцијата меѓу двата вулкана. Тоа ќе ни помогне во идно подобро следење на нивната активност“, изјави Јенс Карстенс, морски геофизичар од GEOMAR.
Според анализите, процесот започнал уште во јули 2024 година, кога магма навлегла во плиток резервоар под Санторини, предизвикувајќи островот да се подигне за неколку сантиметри. Тоа било доволно да се создаде ланец од пукнатини во карпите и последователни силни потреси. Кога магмата се повлекла, островот повторно се спуштил, а земјотресите запреле.
Истражувањето откри и постоење на хидрауличка врска меѓу Санторини и соседните вулкани. Во текот на кризата, околу 300 милиони кубни метри магма се придвижиле и сместиле на длабочина од околу 4.000 метри под океанското дно.
Научниците истакнуваат дека ваквите сознанија отвораат нови можности за следење на вулканските системи и подобра подготовка за идни сеизмички настани во регионот на Егејското Море.
Извор: N1info.rs