Научници креирале раствор кој ја впива нанопластиката од водата

Проблемот на загадувањето со пластика станува се посериозен, а парчиња нанопластика веќе може да се најдат во сите делови од Земјата, вклучително и водата. Поради тоа научниците бараат начини за борба против неа, а најновото решение е отстранување на пластиката од водата со растварувач, кој според првите резултати, отстранува околу 98 отсто од пластиката.

За да се спречи микропластиката и нанопластиката да влезат подлабоко во нашите тела и мозок, истражувачите од Универзитетот во Мисури креирале потенцијално одржлив и безбеден начин за водата да се исчисти. Користејќи природни состојки со ниска токсичност во течна состојба, истражувачите покажале дека може да се отстранат околу 98 отсто од нанопластичните парчиња од слатка и солена вода.

 Растоворот кој истраживачите го направиле плови на површината на водата, како нафта. Меѓутоа, доколку се промеша во водата, таа течно ќе ја собере пластиката од водата и ќе ја извлече на површината. Потоа извлекувајќи го тој слој од водата, истражувачите откриле дека се отстранува и целата пластика од водата.

Во солена вода, методот бил успешен во отстранување на 99,8 отсто од парчињата пластика. Врз основ на прелиминирните испитувања, концептот би требало да биде исплатлив и потенцијално одржлив во борбата со нанопластиката, велат истражувачите.

Со понатамошни истражувања, техниката би можела дури и да се покаже корисна за чистење на водата од други загадувачи, како што се хемикалиите кои засекогаш остануваат во вода.

Повеќекратните студии покажаа дека водата од чешма и флашираната вода содржат бројни микроскопски парчиња пластика, особено нанопластика кои се помали од еден микрометар.

Според некои проценки, во просек, во секој литар флаширана вода има околу 240.000 нанопластични честички. Тие лесно можат да навлезат во природните екосистеми, преку реките, за време на абење на гумите, или преку водата што се користи во земјоделството или постројките за третман на отпадни води.

Денес, нанопластиката се наоѓа во речиси сите води ширум светот, вклучително и места толку оддалечени како длабоките, темни слоеви на морињата и океаните, Арктикот и планинските езера.

„Нанопластиката може да ги наруши водните екосистеми и да влезе во синџирот на исхрана, што претставува ризик и за дивиот свет и за луѓето“, вели хемичарот Пијуни Иштавера, кој го предводеше истражувањето.

Покрај тоа, штетните хемикалии, како што се тешките метали или забавувачите на пламен (супстанции кои се користат за гаснење пожари, намалување на запаливоста на материјалите или ширење на пламенот), исто така може да се залепат на површината на нанопластиката и да навлезат во биолошките мембрани.

Отстранувањето на таквите ситни загадувачи од околината не е лесно. Неодамна, истражувачите во Кина открија дека обичната зовриена вода од чешма може да отстрани до 90 проценти од нано и микропластиката. Ова може да биде едноставен начин да се отстранат загадувачите од водата за пиење, но не е применлив за поголеми водни тела што би можеле да бидат контаминирани.

Новата техника смислена од истражувачите од Универзитетот во Мисури може да се справи со загадувањето од нанопластика на многу поедноставен начин.

„Нашата стратегија користи мала количина на специјално дизајниран растворувач за да ги апсорбира пластичните честички од голема количина вода“, објаснува хемичарот Гери Бејкер.

Студијата е објавена во научното списание ACS Applied Engineering Materials.

Извор: РТС

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни