Научници алармираат: Океаните никогаш не биле потопли

Океаните досега ја апсорбираа најголемата штета од климатските промени, но нивниот „капацитет“ има граници. Ако трендот продолжи, последиците ќе станат сè потешки како за природата, економијата и секојдневниот живот.

Светските океани достигнаа рекордно ниво на топлина во 2025 година, предупредува Светска метеоролошка организација во најновиот извештај за глобалната клима. Овој тренд е јасен сигнал дека климатската криза се забрзува.

11 најтопли години по ред

Периодот 2015–2025 е потврден како најтоплиот откако постојат мерења (од 1850 година). Според извештајот, Земјата е во сè поголема енергетска нерамнотежа, прима повеќе топлина отколку што може да ослободи.

Дури 91% од вишокот топлина завршува во океаните. Последиците се драматични и тоа рекордно зголемување на топлината во горните 2.000 метри и нов скок од 23 зетаджули, огромна количина енергија идентична на како 12 нуклеарни експлозии секоја секунда во текот на цела година

Океаните на некој начин ја „амортизираат“ кризата, но тоа има висока цена.

Последици: поекстремно време и катастрофи

Потоплите океани значат посилни урагани и циклони, почести поплави и топлотни бранови и поекстремни временски услови.

Во 2025 веќе се забележани разорни бури и тропски циклони во различни делови од светот.

Закана за морскиот живот

Зголемената температура и апсорпцијата на CO₂ доведуваат до закиселување на океаните, уништување на планктонот (основа на синџирот на исхрана) и загрозување на коралите и морските екосистеми.

Ова директно ги погодува и луѓето кои зависат од рибарство и морски ресурси.

Дури и ако запреме – проблемот останува

Научниците предупредуваат дека дури и ако човештвото веднаш ги прекине емисиите, дел од океаните (особено Јужниот океан) ќе продолжат да ослободуваат топлина и да го загреваат светот уште најмалку еден век.

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, предупреди:

„Кога нешто ќе се повтори 11 пати, тоа веќе не е случајност – тоа е повик за акција.“

Океаните досега ја апсорбираа најголемата штета од климатските промени, но нивниот „капацитет“ има граници. Ако трендот продолжи, последиците ќе станат сè потешки како за природата, економијата и секојдневниот живот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни