Научна студија: Дебелите деца често стануваат неплодни мажи

Дебелината кај момчињата во периодот на детството предизвикува физиолошки промени во телото, кои им ја скратуваат можноста еден ден да станат татковци.

Паралелно со падот на бројот на сперматозоиди, преваленцијата на дебелината кај децата во целиот свет се зголеми од 32 на 42 милиона. Во овој поглед истражувачите проценуваат дека околу 60 проценти од децата денес ќе бидат дебели до 35-тата година од животот.

Италијанското истражување исто така открило хипотрофија на тестисите кај речиси четвртина од мажите на возраст од 18 до 19 години, чија идна плодност била изложена на ризик. Разните услови на животната средина (вклучувајќи изложеност на хемикалии што го нарушуваат ендокриниот систем) и личните навики (како што се седентарен начин на живеење или нарушувања во исхраната) драматично се променија во текот на изминатите неколку децении.

Влијанието на дебелината и метаболистичките нарушувања, кои влијаат на растот на тестисите во детството, е непознато. Истражувачите овде изведоа ретроспективна вкрстена студија на деца и адолесценти на возраст од 2 до 18 години, анализирани од истражувачите од Одделот за педијатриска ендокринологија на Универзитетот во Катанија, Сицилија, за контрола на тежината.

Тим истражувачи собрале податоци за волуменот на тестисите, возраста, индексот на телесна маса и отпорноста на инсулин кај 268 деца и адолесценти. Тие откриле дека момчињата со нормална тежина имаат 1,5 пат поголем волумен на тестисите во споредба со оние што биле со прекумерна тежина или дебели во периодот на пубертетот.

Момчињата и адолесцентите во студијата со нормални нивоа на инсулин имале 1,5-2 пати поголем волумен на тестисите во споредба со оние со хиперинсулинемија или ненормално високи нивоа на инсулин во телото, состојба често поврзана со дијабетес тип 2, во која пациентите имаат многу високо ниво на инсулин во крвта. Така, оние со прекумерна тежина, дебели момчиња, со хиперинсулинемија или отпорност на инсулин покажале помал волумен на тестисите од своите здрави врсници.

Со оглед на тоа што помалиот волумен на тестисите предвидува послабо производство на сперма во зрелоста, истражувачите веруваат дека губењето на тежината може да им помогне на пациентите да избегнат неплодност подоцна во животот.

Извор: b92.net

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни