На ракометниот натпревар помеѓу Хрватска и Чешка, кој се одржа денеска во рамките на квалификациите за Европското првенство, беше направен ненадеен прекин во 37. секунда за да се оддаде почит на жртвите од трагедијата во дискотеката во Кочани.
Иако судиите на почетокот пропуштија да дадат знак за минута молк, навивачите на трибините веднаш сигнализираа и натпреварот беше прекинат набрзо по започнувањето.
Во знак на поддршка за трагедијата во Кочани, на трибината беше истакнато и македонско знаме, што го покажува братскиот и солидарниот став на навивачите од регионот.