Музичка младина на Македонија го организира натпреварот за млади музичари и бендови со авторска музика „Imagine Македонија“ 2025, националното издание на меѓународниот натпревар за млади музички бендови „Imagine Music Experience“.
Оваа година настанот за првпат ќе се одржи во живо, во рамки на фестивалот „Здраво Млади“, во Младинскиот културен центар – Скопје, во петок (10.10.25), со почеток во 19:00 часот.
На сцената ќе настапат осум бендови, кои ќе се натпреваруваат за можност да ја претставуваат Македонија на меѓународното финале на Imagine во Белгија.