Во организација на Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА

Натпревар во ролање на „OCB Конопфест 2024“

На OCB катчето при овогодинешниот „OCB КОНОПФЕСТ 2024“ што ќе се случува на 20- ти април во Градски парк Скопје, ќе се оддржи натпревар во ролање канабис.

Тројцата првопласирани ќе добијат симболични парични награди од 3.000,00 денари за прво, 2.000,00 денари за второ и 1.000,00 денари за трето место како и подароци од OCB Macedonia. Исто така ќе има и специјална награда за најдолгиот Ј.

Петчлено жири ќе ги оценува натпреварувачите по критериуми брзина, пополнетост и изглед.

Сите заинтересирани можат да се пријават во инбокс на FB пејџот на БИЛКА и OCB Macedonia, а пријавувањето трае до 20-ти април до 12.00 часот.

Третиот КОНОПФЕСТ, наречен „OCB КОНОПФЕСТП“ ќе се се одржи по четиригодишна пауза во организација на Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА под мотото “ОСЛОБОДИ ЈА БИЛКАТА”. Настанот ќе се случува во Градски парк Скопје, нова сцена Лепеза со почеток од 12.00 точно на пладне и ќе трае до полноќ.

Учество ќе земат неколку домашни изведувачи и диџеи, food corfner со TOTO DAILY и FAT KITCHEN BISTRO, OCB. Преку фестивалот уште еднаш се испраќа порака за декриминализација на канабис во медицински и рекреативни цели.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни