Натпревар по класични и народни традиционални македонски инструменти

На натпреварот ќе учествуваат деца и млади од 10 до 18 години кои ќе свират на гајда, хармоника, тамбура, кавал, кларинет, тапан

„Инструментите на моите предци“ е насловот на натпреварот по класични и народни традиционални македонски инструменти кој ќе се одржи денес во 9.00 часот во Детскиот културен центар „Карпош“ во Скопје.

На натпреварот ќе учествуваат деца и млади од 10 до 18 години кои преку звукот на гајда, хармоника, тамбура, кавал, кларинет, тапан ќе ги одведат учесниците во различни предели и региони и ќе раскажат приказни кои зборуваат за минатото во сегашноста и ја градат иднината поставувајќи нови темели за збогатување на културното наследство.

Преку овие натпревари целта на ДКЦ – Карпош е да ја развие желбата и љубовта на децата и младите за изучување на народни изворни инструменти, а со тоа да се продолжи традицијата од нашите предци и да се остави аманет за идните поколенија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни