„НаТочак“: Ниту еден наш предлог за безбедност на велосипедисти и пешаци не е прифатен во новите измени на Законот за сообраќај

Граѓанската иницијатива „НаТочак“ денеска реагира дека ниту еден од нивните стручно образложени предлози за измена на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) не е прифатен во последниот циклус на измени, иако тие биле доставени уште на 15 мај преку ЕНЕР – Електронскиот национален регистар на прописи.

„НаТочак“ посочува дека за првпат досега Министерството за внатрешни работи не дало никакво образложение за отфрлањето на предлозите, ниту пак воспоставило комуникација со подносителите.

„Членовите на НаТочак и нашите стручни соработници од релевантни области ги доставија своите предлози волонтерски, одвојувајќи време и експертиза. Заслужуваме барем одговор, како што тоа било случај во минатото“, велат од иницијативата во јавното отворено писмо испратено до министерот Панче Тошковски.

Меѓу клучните предлози на „НаТочак“ кои не се прифатени се:

  • воведување дефиниции за велосипедски пат и велосипедска улица;
  • гарантирана безбедност на пешачкото и велосипедското движење при градежни работи;
  • забрана за користење електронски уреди и за возачи на автомобили, не само за велосипедисти и пешаци;
  • пропорционални казни во зависност од степенот на одговорност;
  • стандардно ограничување од 30 км/час во населени места, наместо 50;
  • дефинирање на правила за велосипедска улица и contra-flow ленти;
  • дозволување исклучиво сертифицирани приколки за превоз на деца;
  • минимално странично растојание при претекнување велосипедисти;
  • примена на правилото „Dutch Reach“ за безбедно отворање врата од возило;
  • преиспитување на одредбите за системот „Безбеден град“.

„НаТочак“ потсетува дека во претходни циклуси на законски измени дел од нивните предлози биле прифатени, а за останатите добиле официјално образложение. Сега апелираат до МВР и надлежните институции да покажат поголема отвореност, транспарентност и почит кон граѓанскиот ангажман и да ги земат предвид нивните предлози во следните измени на законот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни