„Дроновите што претставуваа директна закана беа уништени,“ напиша Туск, додавајќи дека ова е првпат руски беспилотни летала да бидат соборени на територија на НАТО.
Во операцијата учествувале два полски F-16 и два холандски F-35, а германските системи „Патриот“ биле ставени во состојба на готовност. НАТО соопшти дека ова е „без преседан“ и јасна агресија што претставува ризик за безбедноста на цивилите.
Туск побара активирање на член 4 од Северноатлантската повелба, со кој се свикуваат консултации на сојузниците при закана за безбедноста. „Ова не е само војна за Украинците, ова е конфронтација со целиот слободен свет,“ истакна тој пред парламентот.
Иако немаше пријавени жртви, во источна Полска беа регистрирани оштетувања на објекти од остатоци на дронови. НАТО и Европската унија изразија целосна солидарност со Варшава, а францускиот претседател Емануел Макрон го нарече инцидентот „недозволива ескалација“.
Москва тврди дека не било предвидено напаѓање цели на територијата на Полска, но Киев оцени дека станува збор за „уште еден чекор на опасна ескалација“.
Извор: ABC News