НАТО пресретна руски воени авиони над Балтичкото Море

НАТО ловци пресретнаа два руски воени авиони Su-30 и An-26 над Балтичкото Море, кои летале без план за лет и со исклучен транспондер. Инцидентот се случува во време на зголемени тензии во регионот по руските напади на Украина.

Борбените авиони на НАТО, задолжени за надзор на воздушниот простор, минатата недела полетаа за да идентификуваат два руски воени авиони над Балтичкото Море. Авиони Su-30 и An-26 летале во меѓународниот воздушен простор меѓу Калининград и континентална Русија без вклучени радари и без поднесени летови планови, соопшти литванското Министерство за одбрана, а пренесува Kyiv Post.

Детали за пресретнувањето

Во првиот инцидент, кој се случил минатата недела во понеделник, сојузнички авион бил испратен за да идентификува мултифункционален борбен авион Su-30, кој летал од руската енклава Калининград, сместена меѓу Полска и Литванија, кон континенталниот дел на Русија.

Во вториот случај, како што наведува министерството, НАТО ловци биле подигнати за идентификација на руски транспортен авион Antonov-26. Авионот се движел во спротивен правец, исто така без поднесен план за лет и со исклучен транспондер.

Зголемени тензии во регионот

Овие инциденти се случуваат во време на зголемени тензии. Полска и балтичките држави се во состојба на висока подготвеност откако минатата недела руска ракета „Орeшник“ погоди цивилни цели во Львов. Овој настан, заедно со неодамнешните руски напади на енергетската инфраструктура во Украина, поради кои стотици илјади луѓе останаа без струја на ниски температури, беше тема на итен состанок на Обединетите нации.

Како одговор на зголемените тензии, НАТО побара од Турција да се приклучи со борбени авиони F-16 во балтичката мисија за воздушен надзор неколку месеци пред предвидениот рок, пренесе Bloomberg. Турција своето четиримесечно учество во мисијата, која се изведува од Естонија, требаше да го започне во август.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни