Командата на здружените сили на НАТО од Неапол на платформата Икс, објави дека на покана на Србија, во мај ќе се одржи заедничка вежба меѓу српската војска и НАТО силите.
„Западен Балкан е регион од стратешко значење за НАТО. Ја поздравуваме можноста српските и сојузничките воени единици да се обучуваат заедно во Србија овој мај. Вежбата ќе се одржи на воениот полигон Боровац, кој е често користен од српските вооружени сили за подготовка на единици за меѓународни мисии, вклучително и мировни операции на Обединетите нации“, беше наведено на X.
Како што истакна Командата, оваа обука придонесува за стабилноста на Западен Балкан.
„Оваа активност ќе се спроведе на покана на Србија и со целосно почитување на нејзината декларирана политика на воена неутралност. Заедничката обука ја подобрува интероперабилноста, ја зајакнува практичната соработка и придонесува за стабилноста на Западен Балкан. НАТО го цени своето партнерство со Србија и со нетрпение очекува да работи заедно за време на оваа вежба“, се вели во соопштението.
The Western Balkans is a region of strategic importance for NATO. We welcome the opportunity for Serbian and Allied military personnel to train together in Serbia this May. The exercise will take place at Serbia’s Borovac Training Area, which the Serbian Armed Forces use… pic.twitter.com/RqdyAdg9zl
— NATO JFC Naples (@JFC_Naples) March 7, 2026
Командантот на Здружената команда на силите на НАТО во Неапол, американскиот адмирал Џорџ Викоф, е во посета на Белград, а неодамна се сретна со началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, генерал Милан Мојсиловиќ.