Натали Велеска, архитектка: Младите архитекти можат да се изразат и во Македонија

„И покрај брзиот и динамичен живот, под влијание на безбројни можности, а уште повеќе пречки младите луѓе во Македонија имаат и можност и простор да се изразат, особено кога е во прашање архитектурата и внатрешните ентериери“, вали младата архитектка Натали Велеска додека ја шета екипата на Трн на овогодинешниот Саем за мебел.

Низ боите и шаренилата кои се контраст на безвременските и ултра минималистичките дизајни проткаени во парчињата мебел Велеска потенцира дека како поднебје важиме за верни чувари на традиционалните стилови. Сепак влијанието на дигиталната ера си има свој удел во начинот на кој особено младите луѓе во земјава си дозволуваат експериментирање во комбинации на стилови.

НИЕ СМЕ ГЕНЕРАЦИЈА КОЈА САКА ПОЗИТИВНА КОНКУРЕНЦИЈА

„Како млади архитекти, особено во ова време кога речиси се е поврзано на свој начин преку интернетот, имаме големи можности да се изразиме на еден поинаков, поразличен начин од тоа што веќе е видено. Не само што можеме да твориме тука туку знаењето да го преточуваме и во соработки надвор од гранизиците на Македонија. Верувајте дека е навистина прекрасно чувството кога преку своето знаење ќе направите нечиј простор во кој треба да поминува голем дел од животот во нешто кое ќе го инспирира и мотивира“, додава архитектката Натали, покажувајќи ни ентериерни елементи со кои може да се даде визуелна големина на просторот.

СВЕТЛИ БОИ ЗА МАЛ ПРОСТОР

Пролетта е време за промени, а многумина ја користат за поголеми или помали реновирања во домот. Оние кои немаат инспирација, а имаат само мотивација Велевска ги поканува на Саемот за мебел кој е ќе трае се до 24ти месецов да го посетат. Не само таа и нејзините колеги ќе ги насочат, ќе имаат можност да ги видат на лице место некои парчиња мебел кои до тогаш ги гледале само во списанија.

„Исто така употребата на рефлективни материјали и површини придонесува за визуелно зголемување на просторот. Тоа е само еден од начините, но често проблем се и т.н преградни врати и ѕидови кои го затвораат просторот. Наместо нив иделани би биле полу провидни прегради изведени со решетки, штици со процепи и останато. Има многу начини, кои не чинат многу пари, а и тоа како се корисни и функционални“, смета Велеска.

Инаку, ретро текстурите во комбинација со жолто портокаловите бои, надополнети со природно зеленило е она кое ќе биде тренд за оваа претстојна сезона.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни